Translate to

  • Translate to...
  • Translate to...
  • Translate to...
  • Translate to...
  • Translate to...
  • Translate to...
  • Translate to...
  • Translate to...
Print E-mail

 Друштвото Villa Maria Society е организација што не работи за финансиска корист и што е заснована на вредности, а која им пружа квалитетни услуги и можности за подобрување на животот на постарите луѓе, како и на децата и возрасните кои имаат некаква онеспособеност. Нашиот стремеж е „да создаваме можности за избор и да градиме приемчиви, одржливи и сочувствителни заедници“.

Услуги за онеспособени лица – Тимот за услуги на онеспособени лица во друштвото Villa Maria со сите сили се залага да ги поддржи онеспособените луѓе во остварувањето на нивните лични цели и соништа. Персоналот им овозможува, ги поддржува и ги поттикнува луѓето целосно и рамноправно да учествуваат во заедницата, создавајќи различни патишта и можности што тие ќе ги изберат. Нашите многубројни и разновидни услуги вклучуваат заеднички живеалишта со поддршка, приспособлива одмена од негата во нашата установа, дневни можности за возрасни лица, поддршка приспособена кон потребите на секој поединец, водење на случаи, како и поддршка за постарите негуватели. За информации, ве молиме телефонирајте на (03) 9855 7616 или на (03) 9855 7618.

Услуги за образование– ДруштвотоVilla Maria ги поддржува децата што имаат некаква онеспособеност или што доцнат во развојот. Друштвото Villa Maria работи заеднички со семејствата за да осигура дека детето има пристап до сеопфатни програми за образование, развој и лекување што ќе му овозможат да ги развие своите целосни умствени, телесни, душевни и духовни способности. Нашата Служба за итна поддршка во раното детство ги поддржува малите деца на возраст од 0 до 6 години; колеџот  St Paul’s College нуди преодна програма за децата на предучилишна возраст, како и школување за децата на возраст од 5 до 18 години, кои таму добиваат засилена поддршка приспособена кон секое поединечно дете, што ќе ги подготви да живеат како возрасни луѓе. За информации во врска со Службата за итна поддршка во раното детство (Early Childhood Intervention Service) ве молиме телефонирајте на (03) 9855 7850; за информации во врска со колеџот St Paul’s College ве молиме телефонирајте на (03) 9855 7700.
               
Услуги за заедницатаДруштвото Villa Maria нуди низа разновидни услуги за заедницата за да им помогне на постарите луѓе и на нивните негуватели да останат активни и поврзани во своите заедници. Услугите може да се добијат во градското подрачје на Мелбурн, во внатрешноста на Викторија и во подрачјето на Јужна Риверина во Нов Јужен Велс. Специфичните програми за постарите луѓе вклучуваат пакети за нега на постари лица што ги финансира сојузната влада, вклучувајќи ги пактетите CACP, EACH и EACH Dementia, програми за поддршка на негувателите, вклучувајќи ги и помладите негуватели, негувателите што се грижат за лица со нарушено душевно здравје, и негувателите на лица со тешки/големи онеспособености; програми за одмена од негата во текот на денот и преку ноќ, услуги за закрепнување и поддршка со домувањето. За информации, ве молиме телефонирајте на 1300 650 615.
 
Згрижување на постари лица во старечки домови – Друштвото Villa Maria има четири старечки домови што се наоѓаат во Праран, Бервик, Бандура и Вонтирна*. Нашите старечки домови се целосно акредитирани и им пружаат на станарите највисоки можни стандарди на нега. Пристапот на друштвото Villa Maria кон згрижувањето на постарите лица во старечки домови се темели на поддржувањето на разновидните општествени и културни потреби на станарите, на олеснувањето да се создаваат позитивни врски, и на создавањето можности за станарите да уживаат во активностите во заедницата. За информации, ве молиме телефонирајте на 1300 845 525.
*Напоменуваме дека старечкиот дом во Вонтирна сега е затворен поради реновирање. 
 
Самостојно живеење за постарите луѓе.Друштвото Villa Maria на постарите луѓе им нуди две можности за самостојно живеење.
 
Населбата Athelstan Camberwell е пензионерско село што во моментов уште се гради и што треба да биде завршено кон средината на 2012 г. Кога ќе биде завршено, станарите ќе уживаат во новите стандарди на луксузните станови за самостојно живеење, со пријатна и погодна местоположба близу до трговскиот центар на улицата Burke Rd, кино-салите Rivoli Cinemas, ресторани, паркови и објекти за забава, разонода и спортување, со одличен пристап до јавен превоз. За информации, ве молиме телефонирајте на (03) 9882 5800.
 
Куќи за самостојно живеење што ги има изградено и со кои управува Канцеларијата за домување (Office of Housing) има во Вонтирна и Бандура. Станарите мора да бидат оценети од страна на Канцеларијата за домување за да се утврди дали ги исполнуваат условите за добивање државен стан. Друштвото Villa Maria има право да прима станари во куќите за самостојно живеење. За информации, ве молиме телефонирајте на (03) 9855 7600.
 
Можности за доброволна работа.Друштвото Villa Maria го имаат основано доброволци во 1907 г., а доброволците и до ден-денес играат клучна улога во остварувањето на нашиот стремеж да создаваме можности за избор и да градиме приемчиви, одржливи и сочувствителни заедници. Друштвото Villa Maria ја ужива поддршката на повеќе од 300 доброволци.
Доброволната работа во друштвото Villa Maria е можност да учествувате во вашата локална заедница, да ги споделите вашите вештини и способности, да се поврзете со луѓе што размислуваат слично како вас и да направите вистинска разлика во животите на луѓето. И вие исто така може да развиете нови вештини и способности, да стекнете вредно работно искуство, да ја изградите вашата самодоверба, и да се забавувате! 
За информации, ве молиме телефонирајте на (03) 9855 7755.
 
Можности за поддршка. Способноста на друштвото Villa Maria да ги одржува и развива своите услуги е овозможена само преку постојаните заложби и поддршка од страна на заедницата. Друштвото Villa Maria е благодарно за сите парични подароци, без оглед на тоа дали се работи за големи или за мали износи. Може да дадете еднократен паричен подарок, да станете редовен дарител, да поддржите некој од нашите тековни повици за прибирање помош, да ни оставите пари во вашиот тестамент, или да бидете компанија што не поддржува. За да дознаете како можете да ни помогнете да ги исполнуваме нашите цели, телефонирајте на (03) 9855 7641.
 
Ако ви е потребна помош од преведувач, ве молиме телефонирајте во Преведувачката служба (Translating and Interpreting Service - TIS) на нивниот национален телефонски број што е дежурен 24 часа, 13 14 50, по цена на локален повик, и побарајте да ве поврзат со еден од горенаведените броеви, и тие ќе ни се јават од ваше име.
 
Електронска пошта – villamaria@villamaria.com.au
Место на интернет – www.villamaria.com.au  
 
VILLA TWEET
Follow the latest Villa Maria tweets.
 

    By A Web Design Company

    STAY SOCIAL
    Join the Villa conversation.
     
    Twitter Youtube Facebook